Објавено на:

Захариева разочарана од Македонија: Требаше да ги броите Бугарите надвор од земјата

t

Поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија и пратеничка на ГЕРБ, Екатерина Захариева не е задоволна од пописот во Македонија, односно од бројот на изборени Бугари во Македонија.

-Податоците според кои во Македонија има само 3.504 Бугари се фалсификувани и здруженијата на Бугарите во земјава наскоро ќе излезат со официјален став. Најчудно е што не се бројат Бугарите кои се надвор од државата, за разлика од другите етнички групи. Не треба да заборавиме дека во последните 15 години 86.566 граѓани добиле бугарско државјанство, изјавувајќи пред нашите власти дека се идентификуваат како Бугари. За жал, уште еднаш сме сведоци на старата државна политика – дискриминација на Македонците со бугарска самосвест и обид за нивно маргинализирање, вели Захариева.

Според неа, ваквото мешање во правото на самоопределување е апсолутно неприфатливо и е во спротивност со вредностите на Европската Унија

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

3axapиева ифpит лyта на Петков: Пендаровски две…

Посакувам наместо господинот Кирил Петков да оди…

(Видео) Захариева го искара Петков: Пендаровски две…

Поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија…