Захарова: Граѓани на НАТО земји се обраќаат кон Русија барајќи престој
Граѓаните на земјите од НАТО масовно се обраќаат кон Русија и бараат дозволи за престој или визи за да ги заштитат своите семејства од политиката на колективниот Запад, чија цел е уништување на традиционалните вредности, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.
Голем број граѓани на земјите од НАТО доаѓаат во нашите амбасади за да добијат дозвола за престој, виза или каков било документ и да ги заштитат своите семејства. Доаѓаат затоа што имаат деца. Илјадници луѓе се обраќаат од некои западноевропски земји. Некои се плашат, но доаѓаат на консултации, некои доаѓаат со семејството и велат „нема да си одиме, правете што сакате, изјави Захарова во интервју за радио „Комсомољска правда“.
Таа потсети дека од 19 август граѓаните на другите земји можат да се обратат кон Русија доколку во нивните земји се прогонувани поради почитување на традиционалните вредности.
Според Захарова, луѓето не го прават тоа поради Русија и повисоките цели – тоа се богати луѓе кои сакаат да ги спасат своите деца од промена на полот.
Претходно, рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за поедноставување на процедурата за поднесување барања за преселување во Русија во форма на хуманитарна поддршка.
Според документот, Русија ќе им пружи помош на оние кои не прифаќаат деструктивни неолиберални ставови во нивните земји кои се во спротивност со традиционалните вредности, пренесува Спутник.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Просечната нето плата во април 45.452 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…
Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…
Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…
Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…
Мурати: Македонија некогаш беше пример на надеж…
Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ денеска…