Захарова: Да се истражат заговорот на американските медиуми и политичари за да се скрие вистината за Бајден
Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, вечерва изјави дека по повлекувањето на американскиот претседател Џозеф Бајден од претседателската трка, треба да има истрага за заговорот на американските медиуми и политичари, кои ги обвини дека „ја прикриле вистината за неговата психичка состојба“.
Следниот чекор мора да биде истрага за заговорот на американските медиуми и политички кругови, кои ја криеја вистината за неговата ментална состојба, манипулирање со јавното мислење и дејствување во врска со една политичка партија, изјави Захарова, пренесоа руските медиуми.
Вечерва Бајден објави дека се повлекува од трката за реизбор и ја поддржа американската потпретседателка Камала Харис во трката за претседателски кандидат на Демократската партија. Тој рече и дека ќе остане претседател на САД до крајот на мандатот на 20 јануари 2025 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Погодена амбасадата на САД во иранскиот напад…
Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби,…
Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?
Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…
Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…
Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…
„Вината за Кочани е во врвот на…
„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…
Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…
Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…