Објавено на:

Захарова: ЕУ покажа разбирање, Македонија мора да подготви патоказ

t

Имплементацијата на билатералниот договор меѓу Софија и Скопје и протоколите и документите кон него стануваат дел од преговарачката рамка на Македонија за преговорите со ЕУ. Ова се случува за првпат, не го криеше оптимизмот поранешната шефица на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева во изјава за „BG on air“.

-Република С. Македонија мора да подготви патоказ и да покаже трајна политичка волја и трајно спроведување на обврските за човековите права. И овој патоказ, кој треба да го подготват, ќе се следи од отворањето на кластерот „фундаментални прашања“ до крајот на преговорите и секоја година ќе треба да се разгледува. ЕК ќе известува, но ЕК мора да поднесе извештај на Меѓувладините конференции кои се одржуваат секоја година, а таму е и Бугарија. Всушност, ова е Советот. Тоа се меѓувладини конференции. Има 27 земји, плус земјата кандидат, рече поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија.

Во однос на протоколите наведени во Преговарачката рамка, Захариева појасни дека пред актуелниот протокол, кој се очекува да го потпише Македонија, има уште еден потпишан пролетта 2019 година.

-Во овој протокол ги има и Гоце Делчев и Илинден. Има јасни рокови. Но, овој протокол не само што не го забрза задоцнетото спроведување на Договорот, туку како да го одложи, па уште тогаш почнавме да сфаќаме дека е многу важно да се заложиме ние и нашите европски партнери и целиот преговарачки процес, Република С. Македонија да ги исполни своите обврски, бидејќи тие не се само билатерално прашање, како што се обидуваат да го поедностават, тоа е прашање за основните човекови права. Тоа се заложби што ги презедоа во процесот на стабилизација и асоцијација. Станува збор за говорот на омраза, повторно дел од тој процес. Така почнавме да работиме тогаш. Драго ми е што, иако две години подоцна, нашите европски партнери покажаа разбирање и предлогот што дојде од француското претседателство е навистина што е можно поблизок и според мене максимумот што Бугарија навистина може да го добие како разбирање, коментира Захариева.

Извор

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Траги-комедија во Бугарија: Огромен крокодил живее меѓу…

Двометарски нилски крокодил живее во јама на…

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…

Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…

Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…

Земјотрес во Бугарија

Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…

Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија

Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…