Објавено на:

Захарова: Западот врши етничко чистење во Украина

t

Има знаци дека Западот врши етничко чистење на Украинците на територијата на Украина, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Таа изјави дека расте платеничката активност во Украина и додаде дека полските платеници се наградуваат со бесплатни парцели на запад во областите Волинија, Лавов и Закарпатија.

„Украинското законодавство сега предвидува повластени заеми, изградба на куќи за семејствата на загинатите платеници на сметка на украинските даночни обврзници… Сите индикации се дека Западот врши етничко чистење на Украинците на територијата на Украина, бидејќи нема опис или дефиниција за таква катастрофа што се одвива пред нашите очи. Западните куратори прават се за целосно да ги уништат Украинците како народ, како заедница“, рече Захарова на брифингот.

Таа истакна дека за учество во воениот конфликт, каде умираат украински граѓани, на платениците им се дава земја, што, како што рече, е невозможно да се разбере.

„Не сум сигурна дека има сличен преседан во историјата, дури и во античката историја“, рече Захарова, пренесува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…

Министрите за надворешни работи на Украина и…

Путин и Ердоган го осудија нападот на…

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…

Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…

Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…