Објавено на:

Захарова: Макрон е смешен и води дволична дипломатија

t

Русија денеска го прекори Емануел Макрон затоа што рече дека сака да ја види Русија поразена, велејќи дека Москва сè уште се сеќава на судбината на Наполеон Бонапарта и го обвини францускиот претседател за дволична дипломатија кон Кремљ, со чие раководство постојано се обидуваше да се сретне.

Макрон за весникот Le Journal du Dimanche изјави дека Франција сака да ја победи Русија во Украина, но дека никогаш не сакала да ја „скрши“.

– Во врска со (тоа) „никогаш“: Франција не започна со Макрон, а посмртните останки на Наполеон, почитувани на државно ниво, почиваат во центарот на Париз. Франција и Русија би требало да го разберат (тоа), рече портпаролката на Руското Министерство за надворешни работи на Марија Захарова.

– Воглавно, Макрон е смешен, рече таа, додавајќи дека неговите изјави покажуваат дека Западот разговарал за промена на режимот во Русија, додека самиот Макрон во неколку наврати барал средби со руското раководство.

Макрон наиде на критики од некои сојузници во НАТО за двосмислените пораки во врска со неговата политика кон војната меѓу Украина и Русија, а некои го гледаат Париз како слабата алка во Северноатлантската алијанса.

Во петокот Макрон ги повика сојузниците да ја засилат воената поддршка за Украина, но исто така рече дека не верува во промена на рускиот режим, но дека во одреден момент ќе мора да има преговори.

– Да бидеме на чисто, јас воопшто не верувам во промена на режимот и кога ќе слушнам дека многу луѓе бараат промена на режимот, ги прашувам: „Каква промена? Кој е следниот? Кој е вашиот лидер?“, рече Макрон.

Тој за весникот објасни дека не верува оти од граѓанското општество во Русија ќе произлезе демократско решение по толку години зацврстување на позицијата на Москва и конфликти. Тој додаде дека не гледа алтернатива за Путин, кој треба да биде доведен на преговарачка маса.

– Сите други опции кои не се Владимир Путин во моментов ми изгледаат полоши, рече Макрон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин и Ердоган го осудија нападот на…

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…

Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…

Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…

Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…

Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…

Изградба на нуклеарна централа на Месечината и…

Изградбата на првата нуклеарна централа на Месечината,…