Захарова: Денацификација и демилитаризација на Украина остануваат главни приоритети
Русија најостро го осудува нападот со украински дрон на железничката станица во Курск, соопштија руските власти кои наведоа дека демилитаризација и денацификација на Украина остануваат главни приоритети на специјалната воена операција.
-Режимот во Киев повторно изврши терористички акт, се вели во коментарот на официјалниот претставник на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Дипломатот потсети дека ноќта на 20 август украински дрон се урна на покривот на зградата на железничката станица во Курск.
„Оштетени се покривот, фасадата и првата платформа, оштетена е и чекалната и тунелот за пешаци. Во моментот на експлозијата во зградата имало 50 патници, тие брзо биле евакуирани. Сепак, пет лица се повредени од фрагменти од скршено стакло“, рече таа.
„Силно го осудуваме овој уште еден бесмислен терористички чин на криминалниот режим во Киев. Со таргетирање на чисто цивилен инфраструктурен објект, цивилите на Курск, украинските националисти нанесоа удар на нашата заедничка историја, на споменот на хероите од Големата патриотска војна“, објасни Захарова.
„Потомците на хитлеровите послушници Степан Бандера и Роман Шухевич, како и нивните идеолошки предци, во потрага по имагинарна „независност“ всушност ја уништуваат својата татковина, претворајќи ја во отскочна даска за уште еден „Марш кон исток“. Тие станаа слепа алатка на западната агресија против Москва“, истакна дипломатот.
„Нивниот крај ќе биде исто толку неславен. Сето ова ја прави задачата за денацификација и демилитаризација на Украина апсолутен приоритет на руската надворешна политика“, заклучи таа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Русија „на две столчиња„: Имаме стратешко партнерство…
Блискиот Исток тоне во хаосот на војната,…
Околу 150 луѓе од „непријателски земји“ се…
Околу 150 луѓе емигрираат во Руската Федерација…
Русија и Украина повторно разменија заробеници
Нова група руски војници е вратена од…