Захарова: Русија никогаш немала планови за напад врз ЕУ и НАТО
Русија никогаш не правела планови за напад врз земјите од Европската Унија и НАТО, изјави денес портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
„Секако, оние кои го изјавуваат ова не можат а да не знаат дека Русија нема и никогаш немала планови за напад врз земјите од Европската Унија, НАТО“, рече таа, коментирајќи го новиот стратешки извештај на Франција на брифинг, пренесува агенцијата ТАСС.
„Тоа е пропагандна лага, тоа е бесмислица, тоа е митологија“, истакна Захарова.
Таа изјави дека одговорот на она за што Французите ги подготвуваат своите граѓани е едноставен – за сопствените агресивни акции на Франција, вклучително и оние против Русија.
Според неа, под маската на заштита од наводна руска агресија, се зајакнува курсот кон сеопфатна подготовка за директен вооружен конфликт со Русија.
Захарова истакна дека во извештајот е посветено посебно внимание на француските сили за нуклеарно одвраќање, кои се претставени како клучен фактор во француската и европската безбедност.
„Можеме само да им советуваме на париските стратези да не заборават во својата милитаристичка лудост дека Русија има и нуклеарни капацитети за заплашување, подетално да ја разгледаат надградената нуклеарна доктрина на нашата земја и малку да ја смират својата страст“, рече Захарова.
Таа додаде дека обвинувањата против Русија за наводно учество во кибер напади се уште една политичка лага и дека ваквите изјави одамна станаа вообичаена пропагандна техника на Западот без никакви докази.
Објавата на НАТО и ЕУ дека Русија наводно е вмешана во кибер напади врз избори во некои европски земји е уште една политички мотивирана и неоснована лага, рече Марија Захарова на брифингот.
„Зошто нема докази? Мислам дека веќе знаете: затоа што нема. Да имаше, тие веќе ќе покажеа и ќе кажаа сè“, нагласи Захарова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Захарова: Русија никогаш немала планови за напад…
Русија никогаш не правела планови за напад…
Заврши третата рунда преговори меѓу Русија и…
Третата рунда разговори меѓу делегациите на Русија…
Политико: Трамп му даде одврзани раце на…
Четиринаесетгодишната Софија Глињана седела на клупа на…
Кос: Нема да бидеме безбедни сè додека…
Комесарот за проширување на ЕУ, Марта Кос,…
Сијарто: Унгарија нема да го поддржи пристапувањето…
Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто,…