Захарова: Руската страна не добила согласност за именување на нов амбасадор во Америка
Руската страна се уште нема добиено согласност за именување на нов амбасадор во Америка, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
На крајот на ноември во медиумите се појави информација дека најверојатен кандидат за функцијата руски амбасадор во Америка би можел да биде Александар Дарчиев, шеф на северноамериканскиот оддел на руското Министерство за надворешни работи. Засега нема официјална потврда за оваа информација.
Од руското МНР изјавија за Тасс дека одамна одлучиле за кандидат за нов амбасадор во САД, без да дадат име.
Назначувањето на рускиот амбасадор во Америка во блиска иднина го најави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Поранешниот руски амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов, се врати во Москва откако беше разрешен од функцијата врз основа на указ издаден од рускиот претседател Владимир Путин, јави Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда
Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…
Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…
„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…
Производителите на пченица се во загуба ако…
Благојче Богоески е млад земјоделец од село…