Захарова тврди: Зеленски не сака мир
Киев потврди дека нема намера да преговара со Русија, велат руските власти.
Ова го соопшти портпаролката на руското Министерството за надворешни работи, Марија Захарова. Таа вели дека украинскиот претседател Володимир Зеленски не сака мир.
„Самиот режим во Киев одби да преговара. Кулеба денеска уште еднаш го потврди тоа“, напиша Захарова на Телеграм, пренесува РИА Новости.
Претходно шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба изјави дека преговорите со Русија се можни дури по поразот на Русија. Кажа дека Русија треба да седне на преговарачка маса по поразот на бојното поле. Русија и Украина досега преговараа на белоруско и турско тло. Но, немаше напредок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија и Украина повторно разменија заробеници
Нова група руски војници е вратена од…
Русија: САД да не се мешаат во…
Русија ги предупредува САД да не се…
Украина дозволи двојно државјанство за справување со…
Парламентот на Украина денес усвои нов закон…
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…