Захарова: Украинците би сакале да имаат претседател како Путин
Украинците би сакале да имаат претседател како рускиот лидер Владимир Путин – отворен, решителен, образован и кој не зборува од документите што му се испратени од Вашингтон, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова за РТ.
„Трагедијата на украинскиот народ е што тие навистина сакаат да имаат претседател како Путин, а наместо тоа продолжуваат да ги добиваат оние што им ги дава Западот“, рече Захарова.
Според неа, австрискиот лекар и психијатар Зигмунд Фројд може во голема мера да објасни што се случува во Украина.
„Украинците мразат, велат дека мразат и се многу агресивни кон Путин токму затоа што би сакале Путин да им биде претседател. Ним им треба таков – отворен, решителен, добро информиран, кој не зборува од весникот што му го пратиле од Вашингтон, туку зборува затоа што знае што зборува“, оцени Захарова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина дозволи двојно државјанство за справување со…
Парламентот на Украина денес усвои нов закон…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Путин да се фокусира на мирот во…
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…
Министрите за надворешни работи на Украина и…