Захарова: Ќе сториме сѐ за злосторствата на Зеленски да не бидат заборавени
Русија ќе стори сé за злосторствата на режимот во Киев и на претседателот на Украина Володимир Зеленски да не бидат заборавени во светот, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова за телевизијата „Русија 1“.
„Ќе направиме се за темата за ситуацијата во Украина да се слуша секој ден во сите формати: и во салата на Советот за безбедност на ОН и Генералното собрание, во специјализирани комитети и комисии на ОН, како и во други меѓународни организации. Имаме посебен институт кој се занимава со злосторствата на режимот во Киев и за тоа ќе знае целиот свет. Ветувам дека нема да го заборават Зеленски“, рече таа.
Претходно, министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров пристигна во Њујорк на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации. Состанокот е свикан во врска со украинскиот напад на Доњецк.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…
Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…
Црна Гора испраќа војници во Украина!
Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници…
Изградба на нуклеарна централа на Месечината и…
Изградбата на првата нуклеарна централа на Месечината,…