Објавено на:

Зачудувачка изјава на Лампард: Не знаев дека Реал Мадрид е толку силен!

t

Фудбалерите на Челси се на добар пат да го завршат настапот во Лигата на шампионите (ЛШ), откако синоќа загубија во првиот четвртфинален дуел кај Реал Мадрид (0-2) по кој привремениот тренер на „сините“, Френк Лампард, даде помалку чудна изјава.

Поранешниот англиски репрезентативец потенцира дека не знаел нешто за што изминатиов период беа свесни дури и тие што површно ги следат случувањата во европскиот фудбал.

„Не знаев дека Реал Мадрид е толку силен. Резултатот е реален, но им кажав на моите фудбалери дека во реваншот може да се случи чудо. Противникот има одличен тим, но ние мора да веруваме во сопствените можности. Јас прв не смеат да се откажам“, изјави Лампард.

Реванш средбата е закажана за следниот вторник, а за лондонци негативата од два гола може да се смета и како добар резултат со оглед на односот на силите и играта на двата тима на синоќешната пресметка на „Сантијаго Бернабе“.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел нема да прекине додека не го…

Израелската операција против Иран „нема да заврши…

Израел со 60 авиони го нападна Иран

Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни…

Израелски тенк пукал во толпа и убил…

Израелски тенкови денеска отвориле оган врз толпата…

Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…

Повеќе од шест месеци – уште од…

Студентите поднесоа нова кривична против Вучиќ за…

Студентите кои ги блокираа правните и медицинските…