Зајкова за превирањата во ДУИ: Парламентарното мнозинство е стабилно!
Вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 гостува пратеничката на Либерално демократската партија, Моника Зајкова со која дебатиравме за тоа дали е стабилно владиното мнозинство со оглед на незадоволствата во ДУИ.
Таа потврди дека владиното мнозинство е стабилно.
„Внатре во партиите секогаш може да постојат одредени превирања и несогласувања, но тоа не смее да се отслика на државната политика“, вели Зајкова.