Зајкова: ЛДП делува независно во Собранието, нема одлука засега за приклучување кон ВМРО-ДПМНЕ

t

Како пратеник останувам да делувам независно во Собранието. Либерално-демократската партија е независен политички субјект, со своја политичка програма и со своја либерална идеологија, вели пратеничката и лидерка на ЛДП – Моника Зајкова.

– Ние како партија уште во мај донесовме одлука дека ќе делуваме независно, додека пак за локалните избори кои следуваат догодина ќе се одлучува на ниво на партиските тела како ќе настапиме, не е исклучено да настапимe и како независна партија – појаснува таа.

Во однос на заедничките ставови по некои предлог закони и слично, таа вели дека и тоа е пракса на партијата, да има свој став околу прашањата кои понекогаш и порано бил различен од ставот на коалициските партнери, како за пример го спомна рамниот данок за кој ЛДП беше застапник, додека пак СДСМ инсистираше на прогресивен данок.

Синоќа тв21 повикувајќи се на партиски извори пренесе дека лидерката на ЛДП, Зајкова излегува од коалицијата со СДСМ, иако не се знае дали ќе ѝ се приклучи на владејачката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апокалиптични сцени од Шпанија, невремето однесе 51…

Најмалку 51 лице загина во вчерашните поплави…

Зајкова: ЛДП делува независно во Собранието, нема…

Како пратеник останувам да делувам независно во…

Над 7.200 словачки лекари поднесоа колективна оставка,…

Повеќе од 7.200 словачки лекари започнаа колективен…

„ТОЈ НЕ Е ХИТЛЕР“: Меланија Трамп го…

Поранешната прва дама на САД, Меланија Трамп,…

СЕВЕРНОКОРЕЈСКИТЕ ВОЈНИЦИ СЕ ПОБЛИКУ ДО УКРАИНА: Се…

Вашингтон е загрижен поради можноста Русија да…