Зајкова упати повик за смирување на страстите и обединување на редовите на ЛДП

t

Конкретна стратегија за подобри резултати со повеќе влијание во локална самоуправа од претходно и подготвено да се влезе во локалните избори наредната година, ова се дел од заклучоците кои произлегоа од средбите помеѓу претставници од општинските организации во Источна Македонија и раководството на Либерално-демократската партија, предводено од претседателката Моника Зајкова, соопшти партијата.

-Има политички предлози, има организациски предлози, има предлози и за кандидати за градоначалници и советници, а има и такви кои повикуваат на предвремен конгрес. Овие последните се како обично, побучни и без конкретен предлог како тоа се прави во развиените демократии, најчесто заради лични, а не колективни интереси – посочи Зајкова.

Таа додава дека треба да се водиме од колективниот и партиски интерес, а тој е подобри политики за граѓаните и подобри резултати.

-За разлика од малкумина бучни, мнозинството, потивките, се оние кои излегуваат со политички предлози, и тоа јасно либерални и идеолошки закотвени. И понекогаш, добро е да бидат потивки, затоа што мора да бидеме внимателни, веќе им прејде во навика на поголемите партии да прават copy&paste на наши предлози – истакна Зајкова и повторно упати повик за смирување на страстите и обединување на редовите.

На средбата со претставниците од општинските организации од истокот на државата се разговараше и за идните чекори на партијата, нејзиното позиционирање и моменталните активности на партијата, особено по парламентарните избори годинава. На средбата Зајкова со присутните разговараше и за предлогот на ЛДП за намалување на данокот на добивка на 9%, за укинувањето на непотребните банкарски трошоци на граѓаните, но и за евроатлантската интеграција и за други решенија на проблеми и предизвици со кои граѓаните секојдневно се соочуваат.

Членови на ЛДП бараат Конгрес и смена на партиското раководство кое, како што тврдат, сака партијата да ја внесе во владејачката коалиција. Тие тврделе и дека пред два дена битолското ЛДП отворило дебата дали партијата да се приклучи кон владејачкото мнозинство. Поголемиот дел од присутните наводно бурно реагирале и понудата ја нарекле непринципиелна.

Генералниот секретар на партијата, Боби Мојсоски пак, тври дека не се точни информациите за смена на раководството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин се извини за „трагичниот инцидент“ со…

Рускиот претседател Владимир Путин му се извини…

Авиокомпании ги откажаа летовите кон Русија по…

Неколку авиокомпании објавија дека ги прекинуваат летовите…

Зеленски збесна: „Путин му издаде наредба на…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во објава на…

Шукова: Најавите за корекција на цените се…

Политиките на власта со така наречени кошнички…

Муртезани: Мора да го штитиме процесот од…

Мора да го штитиме процесот на пристапување…