За Барди има интерес од Алмерија, но и од други екипи
Веќе станува сѐ поизвесно дека македонскиот репрезентативец Енис Барди летово ќе си замине од Леванте, а во игра за неговите услуги, по градскиот ривал Валенсија, е најновиот шпански прволигаш, Алмерија.
Македонецот пред извесно време ја искористи клаузулата да го продолжи договорот со Леванте до јуни 2024 година, но со оглед на испаѓањето на овој тим од Ла Лига, клубот се надева дека ќе го капитализира односно ќе дојде до и тоа како потребните пари, со оглед на минусот од 10,5 милиони евра кои мора да ги врати до крајот на годината.
Барди изминативе пет години настапуваше за Леванте, стекнувајќи одлична репутација, пред се како одличен изведувач на слободни удаари, во што извесен период во минатото беше подобар дури и од Лионел Меси. Неговата цена се уште е висока, пред се поради одличните игри за Македонија со која стигна дури до финалниот бараж за пласман на СП 2022, а претходно беше дел и од Евро 2020.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…
Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…
Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор…
Текстилниот сектор во Македонија се соочува со…
(Видео) Oдбраната на Мицевска со која обезбеди…
Голманката на македонската репрезентација Јована Мицевска беше една од…
Државата денеска се задолжува со уште 89…
За денеска се закажани две аукции на…
Меџити пред првиот меѓувладин состанок со Владата на…
Два дена пред меѓувладината средба помеѓу Македонија…