За влакно избегната катастрофа: Два воза се судрија во Софија, за среќа нема загинати!
Два воза директно се судриле во Софија пренесува bTV. Денеска околу 17 часот (по бугарско време) се судрија патнички воз и локомотива, пренесува телевизијата.
На местото на настанот веднаш пристигнале 6 возила на брза помош. Во железничката несреќа повредени се вкупно 12 лица.

Четворица мажи и четири жени кои имаат полесни повреди. Утврдено е дека не им е потребна хоспитализација. Некои од жртвите имаат повреди на ‘рбетниот мозок и нозете.
Според информациите на министерот за транспорт Георги Гвоздеиков, на машиновозачот на локомотивата му се слошило и не успеал да застане навреме, при што удрил во последниот вагон на патничкиот воз за Пловдив.
„Од податоците со кои располагаме во моментот, на машиновозачот му се слошило и не можел да ја запре маневарска машина на безбедно растојание од возот, кој требало да тргне за Пловдив“, изјави министерот за транспорт.
Според Георги Гвоздеиков, инцидентот бил полесен, а повредените се од маневарска бригада. Никој не е повреден од патничкиот воз, рече тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарското МНР: „Вековен македонски идентитет“ ги повредува…
„Бугарија останува посветена на сите елементи од…
Бугарија: Изјавите на Мицкоски се популистички, нема…
Ниту еден обид за заобиколување на консензусот…
Бугарски Фактор: Шефот на Агенцијата за национална…
Директорот на Агенцијата за национална безбедност (НСА)…
Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…
Повеќе од шест месеци – уште од…
Израел ќе реализира летови за репатријација на…
Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…