За Вучиќ е голема вест, но што значи „Луј Витон“ за српските граѓани?
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ уште еднаш го најави доаѓањето на луксузниот моден бренд „Луј Витон“ во Србија, односно во Белград на вода.
„Да бидам целосно искрен, се надеваме дека до 2026 година „Луј Витон“ конечно ќе дојде во Србија“, рече Вучиќ од Париз. А колку е тоа значајна и голема вест, новинарите на Н1 ги прашаа граѓаните:
„Тоа не ми значи ништо на оваа возраст, ако им значи на младите… Се ново е добро. Не можам да си дозволам, може други, кој сака нека си оди“, вели еден граѓанин. „Многу значи, во 15 век сме“, иронично рече еден граѓанин. „Оние кои носат, ќе се извалкаат во оваа кал. А и да дојде – што ќе ни направи, нека донесе некои луѓе што ќе го вработат овој народ и ќе го платат уредно и не го експлоатираат повеќе како евтина работна сила“, вели еден граѓанин. „Добро е ако можеш да си дозволиш, а нам ни е тешко да си го дозволиме“, додава еден граѓанин.
Чанти од Луј Витон, женски, чинат повеќе од 1.000 евра, а просечната нето плата за јануари е 817,7 евра. Во Србија се вработени околу 2,3 милиони луѓе. Од таа бројка, стотици илјади луѓе работат за минимална плата (министерот Синиша Мали еднаш изјави дека таа е 250.000, но синдикатите проценуваат дека ги има околу 400.000) – или за нешто повеќе од минималната плата, која изнесува околу 47.000 динари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Војници повредени при гаснење пожар во тетовската…
Двајца припадници на Армијата се повредни по…
Трамп му се потсмева на Путин: Реши…
Американскиот претседател Доналд Трамп се чини дека…
Лефков: 2 милиони денари за споменик за…
Пратеникот Миле Лефков објави дека се одобрени…
Иран истрела 400 балистички ракети, но околу…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека…
Инцидентот со ножеви во Чаир настанал поради…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…