За гувернерката на Њујорк поплавите се резултат на климатските промени и „новото нормално”

Гувернерката на Њујорк, Кети Хочул, изјави дека обилните дождови што донесоа изненадувачки поплави во Њујорк се резултат на климатските промени кои веројатно ја одразуваат „новата нормалност“.
Се разбира, знаеме, ова е резултат на климатските промени. Ова е, за жал, она што треба да го очекуваме како ново нормално, рече Хочул, пренесоа британските медиуми.
Таа предупреди на поплави опасни по живот и прогласи вонредна состојба во Њујорк, Лонг Ајленд и долината Хадсон, а воедно го поздрави одговорот на владата и кажа дека нема пријавени смртни случаи и покрај силниот дожд.
Хочул додаде дека вонредната состојба, што овозможува побрза распределба на ресурсите за решавање на кризата, ќе остане на сила во следните шест дена.
Гувернерката на Њујорк кажа и дека разговарала со лидерот на мнозинството во Сенатот Чак Шумер и дека ова тело е подготвено да поддржи федерална декларација за катастрофа доколку е потребно.
Во некои делови на Њујорк наврна и до 20 сантиметри дожд, а многу училишта, градското метро, улици и автопати беа поплавени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Словенија стравува од поплави и одрони по…
Во Словенија денеска паѓа пороен дожд, поради…
И во Њујорк протест за поддршка на…
Протест за поддршка на просветните работници и…
Поплави во Велика Британија – автомобили се…
Делови од Велика Британија вчера беа зафатени…
Гувернерката на Њујорк по зачестените појави на…
Поради зачестена појава на неидентификувани летала синоќа…
Ревизија на Фрчкоски му прави, или на…
Колку чини ревизијата на работата на поранешниот…