За гурмани: Докопани во сос од сланина, јаболка и павлака
Пилешките докопани во сос се прават со малку ракија која испарува, а рецептот е изворно француски.
Докопаните не мора да се прават на вообичаен начин, направете ги во убав сос од сланина, јаболка и павлака. Во садот се додаваат сенф и целер.
Потребни состојки:
2 пилешки докопани
1 лажичка масло
½ лажичка сол
60 гр целер
100 гр кромид
1 зелено јаболко
35 гр путер
100 гр сланина
2 лажици сенф
50 мл ракија
330 мл сок од јаболко
175 мл пилешки булјон
10 гр рузмарин
100 гр кисела павлака
Подготовка:
Целерот исечкајте го на ситни коцки. Исечете го кромидот на половина, излупете го, па исечете го на полумесечини. Исечете го зеленото јаболко и излупете го, па исечете го на коцки. Загрејте ја тавата на средна температура и кога ќе се загрее додадете го маслото за јадење.
Посолете ги доикопаните и пржете ги на масло од сите страни додека не поруменат. Кога ќе поруменат, тргнете ги на страна и вратете ја тавата на средна температура. Додадете го путерот во тавата и кога ќе почне да пени додадете ги кромидот, целерот и сланината и пржете ги 5 минути со редовно мешање. Додадете ги јаболката и прелијте ја ракијата и намалете ја температурата на половина. Истурете го сокот од јаболко и пилешката супа, а потоа измешајте го сенфот.
Во тавче ставете ги докопаните и сите сокови, па ставете во рерна 17-20 минути и печете на 180°C. Извадете од рерна и ставете ги докопаните на чинија. Вратете ја тавата на силен оган и динстајте го сосот додека не се намали за половина. Рузмаринот грубо исечкајте го и измешајте го со павлаката, додадете го во преостанатиот сос, па вратете го пилешкото во тавата и динстајте на ниска температура минута-две.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Левица Битола: Шминкерски и неупотребливи проекти…
*Објава на Левица Битола КАТАСТРОФАЛНИ ВЕЛО -…
Франција го блокира пристапот до израелските штандови…
Франција го блокираше пристапот до штандовите на…
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
До крајот на месецов ќе се знаат…
Процесот на избор на кандидати за градоначалници…
НАМЕСТО КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ М-НАВ ЗА СЕКОЈ…
По добиена согласност од Министерството за финансии,…