За да се спаси од полицијата, проголтал пакетче со дрога

t

Охриѓанец проголтал опаковка со бела прашкаста материја при полициска контрола на неговиот автомобил. Тој бил однесен во болница, каде му била извадена опаковката, по што ќе следи вештачење. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

На 7.3.2025 година во 17.20 часот, на пресекот на улиците „Кленоец“ и „Железничка“ во Охрид, уапсен е М.Ј.(30) од Охрид. Тој, при контрола на неговиот патнички автомобил „рено“ проголтал опаковка со бела прашкаста материја по што е пренесен во Општата болница во Охрид. По преземени неопходни медицински мерки, опаковката е обезбедена по што ќе следи вештачење, се посочува во соопштението од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…

(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…

Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…

Курти по изјавата на Трамп: Треба да…

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…