За два месеца загинале 5 лица! Итно се прави сообраќаен проект за исклучувањето од новиот експресен пат Прилеп-Градско
Итно се прави сообраќаен проект за исклучувањето од новиот експресен пат Прилеп-Градско, каде за два месеца откако е пуштен патот загинаа пет лица. Овој дел од експресниот пат е т. н. црна точка, бидејќи свиокот е остар и се случуваат несреќи зашто пред исклучувањето се вози со над 100 километри на час, а нема соодветна сигнализација за предупредување на опасноста, пренесува СДК.
Директорот на Јавното претпријатие Државни патишта (ЈПДП) Коце Трајановски вели дека пред 20 дена е даден налог за ново сообраќајно решение со кое ќе се постават повеќе сообраќајни знаци, кои ќе ги предупредуваат возачите дека треба да ја намалат брзината пред исклучувањето.
„Новото сообраќајно решение е направено, потребно е да се одобри од Министерството за транспорт и врски и веднаш ќе почне да се реализира. Станува збор за наследен проект од минатото раководство кој бил одобрен од сите институции. Спротивно на тоа не може да се работи, бидејќи кривично ќе се одговара. Сега за да се зголеми безбедноста можеме само да поставиме повеќе сообраќајни знаци“, вели Трајановски.
Трајановски вели дека се размислува и се водат консултации и за нов градежен проект за овој дел.
„Тоа е поголем зафат. Со нов градежен проект би требало да се направат мостови за исклучувањето. Во консултации сме се екперти и професори околу ова прашање“, вели Трајановски.
ДВАЈЦА ЗАГИНАТИ ОТКАКО АВТОМОБИЛ ИЗЛЕТА НА ИСКЛУЧОКОТ ОД НОВИОТ ЕКСПРЕСЕН ПАТ ПРИЛЕП-ГРАДСКО, ДОСЕГА ПЕТ ЖРТВИ ЗА ДВА МЕСЕЦА НА ОВА МЕСТО
ЖИТЕЛИТЕ ПОКРАЈ НОВИОТ ЕКСПРЕСЕН ПАТ ГРАДСКО-ФАРИШ СТРАВУВААТ ЗА ЖИВОТИТЕ, КОЛИ ИМ ВЛЕТУВААТ ВО ДВОРОВИТЕ И РАЗМИСЛУВААТ ЗА БЛОКАДА
На 6 август две лица од Делчево загинаа откако со автомобилот излетаа од патот односно од исклучувањето. Претходно на ова место загинаа уште три лица, а дете доби тешки повреди.
Жителите од населбата Стопанство, која се наоѓа веднаш до критичниот свиок на исклучокот од патот, на влез кон автопатот за Скопје од правецот на Прилеп, велат дека бројот на несреќи е далеку поголем и стравуваат за својата безбедност, бидејќи возилата им влетуваат директно во дворовите. Тие објаснуваат дека за проблемот со опасниот свиок алармирале кај надлежните уште додека се градел експресниот пат, но никој не ги послушал.
Експресниот пат Прилеп-Градско беше пуштен во употреба на 30 јуни годинава, а почна да се гради во 2016. Изградбата чини 44,7 милиони евра, средства кои се обезбедени од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).
Извор: СДК
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За два месеца загинале 5 лица! Итно…
Итно се прави сообраќаен проект за исклучувањето…
Жестока телефонска расправија: Трамп викал по Нетанјаху,…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и американскиот претседател…
Славески: Се подготвуваат мерки за полесен пристап…
Целта, како што рече гувернерот на Народната…
Известителка на ОН: Србија крши голем број…
Известителка на ОН за правото на образование,…
Трамп соопшти дека Ерменија и Азербејџан ќе…
Се очекува лидерите на Ерменија и Азербејџан…