За другите нема: Власта троши дополнителни 50 милиони евра за повисоки плати во министерствата на грбот на обичниот работник!
Власта ќе троши дополнителни 50 милиони евра за повисоки плати во министерствата на грбот на обичниот работник кој им ги обезбедува тие пари, велат од Левица.
Оттаму посочуваат дека во време на криза Владата наместо да се погрижи за работниците, тие ги зголемуваат платите само во министерствата и секретаријатите, а тие средства ги наплаќаат од обичните работници.
– ВЛАДАТА ВО КРИЗА ЌЕ ТРОШИ ДОПОЛНИТЕЛНИ 50 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПОВИСОКИ ПЛАТИ ВО МИНИСТЕРСТВАТА
Со новиот предлог – Закон за административни службеници, Владата на СДС и ДУИ предлага линеарно покачување на платите на административните службеници, кои работат во Министерство или Секретаријат, за околу 170 евра нето плата по вработен.
Со овој предлог закон (со сегашната вредност на бод), власта во најголемата економска криза, ќе треба да обезбеди за административците во министерствата и секретаријатите дополнителни минимум 50 милиони евра годишно во буџетот, за исплата на повисоки нето плати, придонеси и данок на личен доход.
Наместо рационализација на трошоците во време на криза, анти-социјалната влада дополнително го оптоварува државниот буџет, каде јавниот долг ја надмина критичната линија од 60% од БДП.
Наместо соодветни редистрибутивни мерки од најбогатиот слој кон загрозените групи граѓани, оваа криминална Влада без визија, стратегија и компетентност единствено нуди изговори за “увезена криза”, додека секојдневно ги зголемува непродуктивните трошења за лукративни цели.
Средствата кои треба да се обезбедат ќе паднат на товар на осиромашениот работник и со тоа Владата, место да воведе антикризни мерки, ќе ја продлабочи економската криза, која веќе е излезена од контрола, пишуваат од Левица на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица објави јавен повик: Секој кој сака…
Левица објави јавен повик за кандидати за…
Левица: Крајно време е „четвртата економска сила…
Трошоците за живот растат од ден во…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
Апасиев: Лидерот на ДПМНЕ ги хушка неговите…
Лидерот на ДПМНЕ ги хушка неговите млади…
Победа на Кичевчани: Конечно се расчистува депонија…
Благодарение на силниот и истраен притисок од…