За еден час девет земјотреси – Санторини и Аморгос уште се тресат!
Земјотрес со јачина од 5 степени беше регистриран кусо по 3 часот по локално време во близина на Санторини, а серијата земјотреси во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос продолжи и во текот на ноќта, но и претпладнево, јави дописничката на МИА од Атина.
Согласно официјалните податоци од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, освен најсилниот земјотрес беа регистрирани и низа потреси со јачина од над 4 степени.
Претпладнево, во период од помалку од еден час, односно од 10.29 часот по локално време до 11.20 часот беа регистрирани девет земјотреси меѓу 3,9 и 4,9 степени, од кои осум беа над 4 степени.
Од почетокот на месецов земјотресите се секојдневие на Санторини, а доста често во помали временски периоди има по неколку силни земјотреси, а досега беа регистрирани вкупно четири од 5 или над 5 степени.
Најсилниот беше во понеделникот со јачина од 5,3 степени, минатата среда имаше земјотрес од 5,2 степени, а во неделата вечерта и рано утрово беа регистрирани по еден земјотрес од 5 степени.
Според податоците од Интердисциплинарен комитет за управување со опасности и кризи при Атинскиот Универзитет од почетокот на серијата земјотреси во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос, односно од 26 јануари заклучно со 9 февруари, биле регистрирани над 14.000 земјотреси.
Само во неделата на 9 февруари биле регистрирани над 1.100 земјотреси, од кои 240 над 2,5 степени и 14 над 4 степени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…
Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…
МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…
Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…