За една недела полицијата привела над 60 лица по разни основи
Во текот на изминатата недела 13.11.2023 до 19.11.2023 преземени се засилени оперативни мерки и превентивни активности во функција на поголема безбедност на граѓаните, објави на својот Фејсбук профил министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
„Приведени се над 60 лица по разни основи, криумчарење мигранти, кражби, тешки кражби, недозволена трговија со дрога, физички пресметки, нелегално поседување оружје, грабнување.
По преземени мерки на СВР низ државата како и мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата, издадени се 4828 прекршочни платни налози за сторени сообраќајни прекршоци.
Остварени се 14 превентивни активности на теми превенција од илегална миграција и транспорт на мигранти со моторни возила, сајбер булинг (онлајн насилство), врсничко насилство и безбедност во училиштата, превенција од трговија и користење дрога, безбедно патување во зима.
Продолжуваме – транспарентно и отчетно“ вели Спасовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
iPhone 17 Air ќе има батерија од…
Веќе подолго време се знае дека iPhone…
Додека во Србија се протестира Вучиќ игра…
Додека во Белград се оддржуваат протести, претседателот…
„Марш за ангелите“ во Кочани: Се бара…
На големи неправилности уште вечерта кога гореше…
(ВИДЕО) Мајка од Кочани на лицето си…
Мајка на син кој бил диџеј во…
ГАЛЕРИЈА + ВИДЕО: Улиците на Белград се…
Во Белград започна собирот за протестот „Се…