За една недела 50 нови случаи на грип во државава
За една недела, односно од 5 до 11 мај, во земјава се пријавени 50 случаи на групни пријави за заболени од грип, што е 31,5 проценти помалку во споредба со претходната недела, информираат денеска од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
Новопријавените заболени се во Скопје и во Гостивар.
Оваа недела, како што велат од ИЈЗ, не се регистрирани смртни случаи асоцирани со грип.
Во однос на возраста на заболените, во извештајот од ИЈЗ се наведува дека најголем број – 44 од оние со грип или слични заболувања се на возраст од 15 до 64 години. По три случаи се регистрирани кај деца на возраст од нула до 14 години.
Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со истиот период минатата сезона е за еден повеќе.
Во сезоната 2024/2025, додаваат од ИЈЗ, вкупниот број случаи на грип – заболувања слични на грипот изнесува 26 005 што во споредба со истиот период од минатата сезона е зголемен за 72,1 отсто.
Од Институтот за јавно здравје велат дека во досегашниот тек на сезоната на грип, регистрирани се пет починати лица асоцирани со грип.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Косово забрани увоз на пилешко месо од…
Агенцијата за храна и ветеринарство на Косово…
За една недела пријавени се 221 случаи…
За една недела, односно од 23 до…
Од грип во Македонија досега починале 14…
Во државава од 11 до 17 месецов…
МЗ: Над 50 илјади граѓани примиле вакцина…
Министерството за здравство информира дека над 50…
Најава за можен пpecврт во ЕУ: Koвид…
Шпанскиот премиер Педро Санчез ги повика своите…