За Зеленски велигденското примирје на Путин е „нова манипулација“
Иако украинскиот претседател Володимир Зеленски се уште директно не ја коментирал најавата на Владимир Путин за привремено велигденско примирје, тој штотуку објави преглед на ситуацијата во регионот Курск на социјалната мрежа Х. Зеленски рече дека украинските сили ги „држат своите позиции“. Во објавата тој напиша:
„Штотуку добив извештај од врховниот командант Олександр Сирски. Денес нашите сили продолжија да дејствуваат на територијата на регионот Курск и ги држат своите позиции. Во регионот Белгород нашите воини напредуваа и ја проширија зоната на контрола.
Што се однесува на уште едниот обид на Путин да манипулира со животите на луѓето – во овој момент предупредувањата за воздушен напад звучат низ цела Украина. Во 17:15 часот на нашето небо беа откриени руски нападни беспилотни летала. Украинската воздушна одбрана и воздушните сили веќе почнаа да дејствуваат за да не заштитат. Присуството на дронови Шахед во нашиот воздушен простор јасно го открива вистинскиот став на Путин кон Велигден и кон човечките животи“.
Русија најави дека ќе ги запре сите воени операции како дел од „велигденскиот прекин на огнот“ во Украина. Во објава на официјалниот Телеграм канал на Кремљ, Владимир Путин објави дека привременото примирје ќе трае од денеска во 18 часот. Московско време (17 часот по средноевропско време) до понеделник.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најчевска: Мицко нè турна кон Путин
Мицко нè турна кон Путин, искоментира на…
„ФАЈНЕНШЛ ТАЈМС“: Москва има план за напад…
Москва има детален план за напад на…
Зеленски: Континуираната финансиска поддршка од ЕУ ќе…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…
Зеленски го повика Западот на обединет фронт…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во Давос…
Путин најави одговор за влезот на Финска…
Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…