За Камала Косово е исто што и Тајван
Американскиот експерт за балкански прашања, Даниел Сервер, оцени дека евентуалното доаѓање на Камала Харис на чело на САД може да влијае на политиката врз Балканот.
Според него, таа е строга кон Кина, исто како и претседателот Џо Бајден но и поранешниот претседател Доналд Трамп. Сепак тој вели дека на Харис Косово можеби и изгледа како Тајван и Украина што значи дека ќе треба да се заштити од територијалните претензии на соседот.
-Харис е исто така строга кон Кина, како и Бајден и Трамп. Косово во нејзините очи можеби личи на Тајван и Украина. Тоа значи дека Косово мора да биде зачувано и заштитено од територијалните претензии на соседната земја. Според мене таа тешко е дека ќе имаат симпатии за Заедницата на општините со српско мнозинство во Косово или за некаква автономијата на Република Српска – напиша Сервер на својот блог.
Политичкиот аналитичар изјави дека администрацијата на претседателот Бајден водела мирољубива политика кон Србија, но, според него, Харис не мора да значи дека ќе продолжи со тоа.
-Претседателот Вучиќ го ориентира Белград кон Исток, усогласувајќи се со Кина, Русија и другите автократии, вклучувајќи ги Азербејџан и Унгарија. Испораките на српско оружје за Украина се валидни, но има претпоставки дека испораките се одвиваат поради економски проблеми – рече тој.
Во врска со војната во Украина, Сервер рече дека Харис сака Киев да победи, а Москва да загуби, но според него таа нема лесно да се согласи на поделба на територијата.
„Тој став може да се пренесе и на Балканот – додаде Сервер, пренесе Н1.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…
Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…
МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…
Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…