За Македонија вето, за Албанија силна поддршка: Радев сака Албанија да стане членка на ЕУ
Претседателите на Бугарија и Албанија ја истакнаа изградбата на Коридорот 8 како стратешки приоритет за Југоисточна Европа.
Бугарија силно го поддржува почетокот на преговарачкиот процес за членство на Република Албанија во Европската унија. Длабоките и тешки, но со јасен фокус реформи преземени од албанска страна во областа на правдата, економијата и заштитата на националните малцинства го покажуваат тешкиот пат на земјата. Ова го изјави шефот на државата Румен Радев на заедничката прес-конференција со неговиот албански колега Илир Мета.
Претседателот на Република Албанија е во официјална посета на Бугарија на покана на бугарскиот претседател. На пленарните разговори учествуваше и потпретседателката Илијана Јотова.
Бугарија и Албанија не се само сојузници, туку и пријатели. За тоа придонесе значајното бугарско национално малцинство во Република Албанија, нагласи шефот на бугарската држава.
Румен Радев ја поздрави политиката на Албанија кон националните малцинства и законот донесен во 2017 година за нивна заштита, како и споредните правни одлуки на оваа тема, „за да се исполнат сите неопходни услови за европски пристап и односи“. „Ќе продолжиме да работиме заедно“, изјави тој, заблагодарувајќи се за отворената политика, благодарение на која бугарското национално малцинство во Албанија продолжува да биде силен мост меѓу двата народи, зачувувајќи го нивниот идентитет, учењето на нивниот мајчин јазик и зачувувањето на нивните национални традиции.
„Се надевам дека ќе работиме многу поактивно на што поскора изградба на културно-информативни центри во Тирана и Софија. Тоа ќе им овозможи на нашите народи многу поплодно да соработуваат на полето на културата и образованието“, изјави претседателот Радев.
Во билатералните односи меѓу Бугарија и Албанија има потенцијал за развој на економската и трговската размена, во инвестициите, културата, науката и образованието, беше заедничкиот став на Румен Радев и Илир Мета. Двајцата претседатели го истакнаа отворањето на директна воздушна врска меѓу Тирана и Софија, што позитивно ќе се одрази на развојот на деловните односи, размената на млади луѓе и меѓусебната поврзаност.
Како приоритет за земјите од регионот, Румен Радев и Илир Мета ја истакнаа изградбата на Коридорот 8, која се одложува долги години. Според претседателот Радев, проектот во своето единство како патна, железничка, енергетска, дигитална поврзаност е клучен за економскиот развој и безбедноста на регионот.
Претседателите на Бугарија и Албанија повикаа да се прекине безумната братоубиствена војна меѓу Русија и Украина, за меѓународна независна истрага за злосторствата извршени во Буча и што поскоро да се откријат и казнат сторителите. Шефот на бугарската држава ја поздрави одлуката на Албанија да испрати свој контингент во мултинационалната борбена група на НАТО во земјата, како симбол на единството во Алијансата.
Илир Мета беше пречекан од претседателот Румен Радев со официјална церемонија. Шефот на државата на Албанија пред споменикот на непознатиот војник положи венец. На „Дондуков“ 2, претседателите разговараа „во четири очи“, по што имаше пленарни разговори меѓу двете официјални делегации.(БТА/МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Албанија ќе обучува украински војници
Албанската влада донесе одлуката за учество на…
Раскинат е договорот со фирмата која го…
Раскинат е договорот со „Енергоинвест“ ДОО Сараево,…
Унгарскиот МОЛ сака да ја купи рафинеријата…
Унгарската компанија за нафта и гас МОЛ…
Двајца Македонци фатени со 137 килограми марихуана…
Двајца државјани на Македонија се приведени на…
Фон дер Лајен: Постигнати се пресвртници во…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…