За македонските граѓани Србија ни е најголем пријател, порасна довербата во ЕУ и САД споредено со претходно
Повеќе од една третина од граѓаните на Република Македонија се уште веруваат дека Србија е најголемиот пријател на нивната земја, но нивниот број е нешто помал од пред половина година, покажува најновото истражување на јавното мислење на „Институтот Преспа“, пренесува Данас.
Според истражувањето, спроведено на крајот на ноември и почетокот на декември, 38,2 отсто од македонските граѓани се изјасниле дека Србија е најголемиот пријател на Македонија, додека во мај што го истакнале 45,3 отсто од испитаниците.
Во последното истражување, покрај Србија, пад бележат и Косово и Албанија, а пораст забележаа Европската Унија, Соединетите Американски Држави и НАТО.
На второ место е Европската Унија, која сега 11,1 отсто од граѓаните на Македонија ја сметаат за најголем пријател на нивната земја, додека во мај тоа беше за 5,1 отсто од испитаниците.
Зад ЕУ се САД, за кои гласале 7,7 отсто од испитаниците, а во мај така мислеле 6,8 отсто, додека бројот на македонски граѓани кои НАТО го сметаат за нивен најголем пријател се зголемил на 3,8 отсто од 1,1 отсто во мај.
2,9 отсто од испитаниците рекле дека Косово е најдобар пријател на Македонија, три пати помалку од пред половина година, кога тоа го кажале 9,9 отсто од граѓаните, додека Албанија паднала од 5,6 отсто во мај на 3,4 отсто во декември.
Последното истражување на јавното мислење на тинк-тенк организацијата „Институт Преспа“ од Скопје: „Имиџ опсерваторија 2023“ беше спроведено од 23 ноември до 11 декември на национално репрезентативен примерок од 762 испитаници, со маргина на грешка од плус или минус 3,55 проценти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД ѝ се заканија на Турција со…
Помошникот на шефот на американското Министерство за…
Протест на Србите во Северна Митровица: За…
Србите од северот на Косово денеска се…
Има само шест години: Малиот Никола од…
Никола Јовиќ од Сремска Митровица е мал…
Ние кога? САД инвестираат 2,2 милијарди долари…
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објави…
Србија ќе изгради музеј во чест на…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…