За малку избегната трагедија – М-НАВ: Отворена е истрага за безбедносниот настан на небото над Скопје на 7 септември
Во пропишаниот рок, поднесена е пријава за безбедосниот настан на небото на Скопје што се случи на 7.месецов и отворена е истрага за утврдување на фактичката состојба и причините, информира денеска Давателот на навигациски услуги М-НАВ, по објавите за избегнат инцидент со судир на два авиона.
Од М-НАВ потенцираат дека таквите настани како и секаде во Европа, секогаш се навремено пријавени и процесирани од сите релевантни одделенија.
На 7 септември во 18.30 часот поднесена е пријава за безбедосен настан во пропишаниот рок од извршителите кои работеле на засегнатиот сектор. Согласно правилата и пропишаните процедури, пријавата е регистрирана од страна на одделението ИМС (Integrated Management Systems) и доставена до Агенцијата за Цивилно Воздухопловство. Исто така, согласно важечките процедури, од страна на одделението ИМС (Integrated Management Systems) отворена е истрага за утврдување на фактичката состојба и причините за настанот. Би сакале да укажеме дека ваквите настани како и секаде во Европа, секогаш се навремено пријавени и процесирани од сите релевантни одделенија, служби и институции, согласно постоечките правни процедури, наведе М-НАВ во соопштение.
Претходно од АЦВ за МИА потврдија постапуваат по настан пријавен од Давателот на навигациски услуги М-НАВ.
Давателот на навигациски услиги М-НВ уредно го пријави настанот и АЦВ ќе постапи по истиот, изјавија од АЦВ.
Медиумите претходно објавија повикувајќи се на сајтот за следење летови Флајтрадар24, дека авиони на „Туркиш ерлајнс“ и на „Санекспрес“ за малку ќе се судреле на небото над Меѓународниот аеродром во Скопје на 7 септември во 18.32 часот.
Станува збор за авионот на „Туркиш ерлајнс“ на летот ТК1358 од Мадрид за Истанбул и авионот на „Санекспрес“ од турскиот крајбрежен аеродром Даламан за Лондон – Гетвик. Според Флајтрадар24, 30 секунди пред да се разминат двата авиона биле на иста висина од 36.000 стапки. Непосредно пред да се разминат, едниот се кренал на 36.325 стапки, а другиот се спуштил на 35.475 стапки. Според правилата на авиосообраќајот, меѓу авионите треба да има 2.000 стапки вертикална далечина, пишува порталот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За малку избегната трагедија – М-НАВ: Отворена…
Во пропишаниот рок, поднесена е пријава за…
Радев пред средбата со Сиљановска-Давкова: Бугарија отсекогаш…
Република Бугарија отсекогаш била отворена за дијалог…
(Видео) Три наједноставни трикови за лупење на…
Зимската сезона полека се наближува, а почетокот…
Агелер: Одлично е што претседателката Сиљановска-Давкова оди…
Амбасадорката на САД Анџела Агелер смета дека…
Падна одлука за напад во Русија, Америка…
Белата куќа го финализира планот кој ќе…