Објавено на:

За попретставително и подемократско тело: Белорусија повика на зголемување на бројот на постојани членки на Советот за безбедност на ОН

t

Белорусија повика на прифаќање на предлогот за проширување на постојаните членки на Советот за безбедност на ОН со земјите од Азија, Африка и Латинска Америка.

Проширувањето на категоријата на постојаните членки со вклучувањето на големите земји во развој од Азија, Африка и Латинска Америка е императив на времето. Причина за задоволство е што Кина и Русија поддржуваат таква реформа на Советот за безбедност, како што постојано изјавуваа“, изјави министерот за надворешни работи на Белорусија, Сергеј Алејник за време на генералната политичка дискусија на 78. сесија на Генералното собрание на ОН.

Тој додаде дека останатите постојани членки на Советот за безбедност (Британија, САД и Франција) мора да ја „препознаат новата реалност“ и да ги прифатат промените кои таа ги одразува.

Три од петте постојани членки се претставници на Западот. Тие не се заинтересирани за промена на статус-кво во светот. Како резултат на тоа, Советот за безбедност не ја исполнува својата функција за одржување на меѓународниот мир и безбедност. Само еден попретставителен и подемократски орган може да ја исполни таа задача, додаде Алејник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Војници повредени при гаснење пожар во тетовската…

Двајца припадници на Армијата се повредни по…

Трамп му се потсмева на Путин: Реши…

Американскиот претседател Доналд Трамп се чини дека…

Лефков: 2 милиони денари за споменик за…

Пратеникот Миле Лефков објави дека се одобрени…

Иран истрела 400 балистички ракети, но околу…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека…

Инцидентот со ножеви во Чаир настанал поради…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…