За првпат после скоро еден век се одржа заедничка ноќна молитва во Аја Софија
За првпат по 88 години, во Aja Софија (Света Софија) во Истанбул беше извршена теравих-намаз, заедничка ноќна молитва на муслиманите карактеристична за месецот на постот. Молитвата беше одржана на првиот ден од Рамазанскиот пост, со што се најави месецот на постот.
За време на Рамазан, исламските верници се воздржуваат од храна, пиење, телесни задоволства, грди мисли и дела од утро до мрак. За муслиманите ова е месец на простување, морално прочистување, дружење и солидарност.
Рамазан почна со заедничка ноќна молитва, молитва таравих, а фотографиите од Аја Софија, која беше преименувана во џамија пред две години, го обиколија светот.
Аја Софија служела како православна црква 916 години, до освојувањето на Истанбул, додека имала статус на џамија од 1453 до 1934 година, кога добила статус на музеј.
На 10 јули 2020 година, турскиот суд ја поништи одлуката на поранешната влада на таа земја, со која на Аја Софија ѝ се додели статус на музеј, со што на објектот му беше вратен статусот на џамија.
Првата молитва од нејзиното преименување во џамија беше одржана во Аја Софија во јули 2020 година, на која присуствуваше и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Како една од најпосетуваните туристички дестинации во градот на Босфор, Аја Софија е вклучена на листата на светско наследство на УНЕСКО од 1985 година.
Турските власти најавија дека ќе продолжат да ги зачувуваат културните и историските вредности на Аја Софија на тој начин што Дирекцијата за верски прашања на Турција ќе биде одговорна за верските церемонии, а Министерството за култура и туризам ќе преземе грижа за реставрација, конзервација и заштита.
Туристите, како што тогаш беше најавено, сепак ќе можат бесплатно да ја посетат Аја Софија, а фреските на ѕидовите ќе бидат покриени со завеси само за време на молитвата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Траги-комедија во Бугарија: Огромен крокодил живее меѓу…
Двометарски нилски крокодил живее во јама на…
Дојава за бомба на софискиот аеродром
На аеродромот во Софија денеска е пријавена…
Радев: Патот на Македонија кон Брисел минува…
„Отсекогаш сум ги поканувал претседателите на РМ…
Митрофанова: Русија може да си ги пемести…
Русија може да размисли за преместување на…
(Видео) Тепачки во Софија: Се отстранува споменикот…
Денеска во Софија официјално започна демонтирањето на…