Објавено на:

За првпат по осум години поддршката на граѓаните на Западен Балкан за ЕУ опаѓа

t

Поддршката на граѓаните на Западен Балкан за членство во Европската унија за прв пат по осум години бележи пад од два проценти, додека регионалната соработка се уште високо се цени, изјави Генералната секретарка на Советот за регионална соработка Мајлинда Брегу, зборувајќи на панел на Конгресот на Европската народна партија во Ротердам, на кој се расправаше и за Западен Балкан.

-Трговијата со стоки меѓу Западен Балкан со Русија и Украина изнесува 6,5 отсто, а најголем трговски партнер и инвеститор во регионот е Европската унија. Сепак, по прв пат за осум изданија на Балкан барометар, сега имаме негативен тренд на поддршка на интеграцијата во Европскта унија, односно само 60 отсто од граѓаните на Западен Балкан сметаат дека членството во ЕУ е добро, додека минатата година оваа бројка изнесуваше 62 отсто. Во таа смисла се гледа и порастот на песимизмот на граѓаните кои не веруваат дека нивната земја некогаш ќе стане членка на ЕУ. Лани околу 22 отсто од испитаниците не верувале во тоа, а годинава околу 28 отсто се изјасниле негативно, вели Брегу, се вели во соопштението од РСС.

Регионалната соработка и натаму се цени добро. Според последните истражувања на Балкан барометар за 2022 година, 76 отсто од граѓаните веруваат дека регионална соработка може да придонесе за подобра политичка, економска и безбедносна состојба во нивната земја.

Брегу предупреди дека спојот на негативни ризици од војната, зголемувањето на цените на храната и енергијата, инфлацијата, ескалирање на тензии за време на избори или одложување на отворањето пристапни преговори кон ЕУ, може да создаде толку голем број ризици, што ќе го направи теренот идеален да се вкоренат економскиот и политичкиот национализам.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Во земјите од регионот денеска се активирани…

Грчките здравствени власти предупредуваат на наглото зголемување…

Властите во Грција предупредуваат на зголемено ширење…

ЕУ донираше 35 милиони евра за Србија…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека…

Детална истрага за регионалниот крах на електроенергетскиот…

Комитетот за системско работење на Европската мрежа…

Машала: ЕУ ќе даде 500 милиони евра…

Европската комисија го усвои Предлог-буџетот на ЕУ…