За прв пат во Македонија овластени архитекти и инженери ќе го креираат ликот на една општина
И Комората на овластени архитекти и инженери се вклучи во креирањето на Меѓународниот конкурс за Расадник.
Меѓународниот конкурс за конечниот лик за Расадник и понатаму е во фокус на стручната јавност.
За таа цел, остваривме работна средба со претставници на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија, предводени од претседателката м-р Кристинка Радевски, д-р Жаклина Ангеловска, раководител на одделението на архитекти урбанисти, како и генералниот секретар на Комората, м-р Димче Атанасовски.
На средбата се разгледа моменталната состојба во Расадник од урбанистичко-плански аспект и заеднички се продискутираа генералните програмски насоки кои треба да им бидат смерница на учесниците на Меѓународниот конкурс за изработка на идејното решение за Расадник.
Консултациите со стручната јавност се од големо значење и продолжуваат поради потребата за максимална транспарентност, со цел создавање на хуман кварт за живеење во главниот град, по мерка на сите засегнати субјекти.
Претставниците на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, како истакнати авторитети во оваа област, ја поздравија идејата за распишување на Меѓународен Конкурс за идејно урбанистичко – архитектонско решение за градската четврт Ј14, попознат кај нашите граѓани како ДУП Расадник.
Потенцираа дека на располагање го ставаат својот целокупен стручен потенцијал, со цел овој конкурс да е стручно издржан и да овозможи што поуспешни и покреативни предлози за креирање на ДУП-от за Расадник.
Претходно, ја дефиниравме соработка на оваа тема и со деканот на Архитектонскиот факултет, а нацрт предлогот за Меѓународниот Конкурс за идејно урбанистичко – архитектонско решение за Расадник е достапен на општинската веб страница и за сите заинтересирани граѓани. Забелешките, сугестиите и идеите, со цел истиот да биде што поквалитетно изработен и стручно издржан, можат да се достават на емаил адресата.
Фејсбук статус на градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривичен го отфрли предлогот за мерки за…
Судија на претходна постапка при Основниот Кривичен…
Во куќа во скопско Средно Коњари пронајдена…
На 26.12.2024 во 21.20 часот во СВР…
Се задолжуваме и во ЕУ и тоа…
Во Собранието е доставен Предлог-законот за задолжување…
„И вие да научите нешто“: Белградските студенти…
Студентите од белградските факултети се собраа пред…
ДУИ незадоволен од тоа што не е…
ДУИ е незадоволен од тоа што не…