Објавено на:

ЗА СИТЕ ШТО ПЛАНИРААТ ДА ОДАТ НА ОДМОР СО АВТОМОБИЛ: Еве каде е најевтино горивото!

t

За оние кои летово планираат да возат до најблиските плажи во соседството, најважно е колку ќе чини да се наполни полн резервоар со гориво.

Нашиот народ најчесто оди на море во Грција, Албанија, Црна Гора и Хрватска. Бидејќи летната сезона штотуку започна, потребно е да се направи добар план за полнење гориво бидејќи тоа е еден од најголемите трошоци од домашниот буџет.

Во Црна Гора литар еуродизел е 1,34 евра, а литар еуросупер, односно бензин 1,53 евра. Според веб-страницата GlobalPetrolPrice, литар бензин во Грција е најскап и е 1,86 евра, а дизелот е 1,55 евра, додека во Албанија дизелот на пумпите се продава по цена од 1,51 евро.

Секоја од овие земји во регионот има свои принципи при објавувањето на новите цени на горивата, но тие најчесто се менуваат на неделно ниво.

Бензинот во Босна и Херцеговина е 1,32 евра, а кај нас околу 1,30 евра. Во Хрватска цената на еуродизелот е 1,24 евра, додека премиум варијантата е околу 1,60 евра, а бензинот 1,32 евра.

Барел нафта на светските берзи моментално е околу 75 долари, а на европскиот пазар на почетокот на годината се тргуваше по цена од 117 долари.

Цените на овој енергенс паѓаат на глобално ниво, моментално се стабилни, но од јуни тоа би можело да се промени во зависност од одлуките на групата ОПЕК на јунскиот состанок, како и од глобалната геополитичка ситуација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…