За сто дена загинаа 261 дете, тврди украинското Обвинителство
Во руската агресија врз Украина, која трае веќе 100 дена, загинаа 261 дете, а 463 беа ранети, соопшти Украинското Основно обвинителство.
„Според податоците од утринава, бројот на загинати деца е 261, а ранетите 463“, се вели во соопштението.
Се наведува дека овие бројки не се конечни, бидејќи нема прецизни податоци за бројот во областите каде што се водат активни битки и на привремено окупираните територии.
Руските вооружени сили во бомбардирањата оштетија 1.938 училишни згради, а 182 беа целосно уништени, пренесува Бета.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Унгарија блокираше отворање на преговорите за пристапување…
Унгарија ја блокираше одлуката на самитот на…
Ердоган: Трамп е подготвен да се приклучи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…
Рутe: Сите членки на НАТО се обврзаа…
Сите земји-членки на НАТО, вклучувајќи ги и…
Трамп: Русите можеби имаат амбиции надвор од…
Тој повторно ги истакна нападите на САД…
Лавров: Украина мора да остане неутрална
Русија инсистира Украина, како што е предвидено…