За три месеци 2000 сообраќајќи во Македонија!

t

Од мај до крајот на јули годинава низ цела Македонија се случиле повеќе од 2000 сообраќајни незгоди. Податоците до кои дојде телевиозија 24 велат дека од сообраќајни незгоди во ајнализираниот период починале 22 лица.

Најчеста причина поради која се случувале незгодите е брзината на движење. Статистиката од МВР покажува дека најмногу сообраќајки – 780 имало во јули а најмалку во мај.

Покрај македонските државјани, низ патиштата во Македонија, во сообраќајни незгоди учествувале и странци. За два месеци, односно во мај и јуни, бројот на странци кои направиле сообраќајки е 95. Од нив ниту една не завшрила со смртни последици.

Број на сообраќајни незгоди за период мај-јули

вкупно сообраќајни незгоди             сообраќајни незгоди со последица смрт

мај 2025               617                                                                   6

јуни 2025             697                                                                    6

јули 2025             780                                                                  10

 

Најчести причини за сообраќајни незгоди мај-јуни

брзина           движење – дејствие со возило             првенство на минување

мај 2025       148                                    156                                                               96

јуни 2025    197                                     153                                                              124

 

Сообрачајни незгоди со странски државјани и последици

вкупно сообраќајни незгоди         сообраќајни незгоди со последица смрт

мај 2025                        33                                                                  0

јуни 2025                       62                                                                 0

 

Телевизија 24 ги праша и пешаците но и возачите, дали се чувствуваат безбедно во сообраќај и дали ги почитуваат сообраќајните правила. Дел од пешаците велат дека се безбедни додека другите пак, и не толку.

Возачите пак . Кога се зад воланот велат дека ги почитуваат сите сообраќајни правила но кога се од другата страна како пешаци – не се чувствствуваат безбедно.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека со новите измени на Законот за безбедност во сообраќајот, Законот за прекршоци и Кривичниот законик, на лицата кои возат без возачка дозвола, под дејство на алкохол или дроги, и оние што управуваат со екстремна брзина – ќе им биде одземано возилото трајно.

Ниту зголемениот број на поставени лежечки полицајци ниту се почестите семафори на кои има трепкачи кои означуваат дека завршува зеленото светло не дадоа посебен резултат во намалување на сообраќајните незгоди и жртвите кои ги земаат овие несакани дејанија

Статистиката за сообраќајни незгоди кои се случиле во државите во Европската унија, покажува дека минатата година, единствена земја во која немало сообраќајни незгоди со смртни последици е Финска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За три месеци 2000 сообраќајќи во Македонија!

Од мај до крајот на јули годинава…

Внимавајте ни доаѓа големо невреме!

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна…

Русите до Трамп: Имаме повеќе нуклеарни подморници…

По изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп…

Државата „отвори“ мини депонија за хаварисани возила…

За скопјани, Градскиот парк и неговата околина…

Зеленски: Разговаравме за подготовки за нов состанок…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави…