За УЈП нема ли одговорност?! Фирмата на која е издадена лиценцата за „Клуб Пулс“ е со блокирана сметка
„ММММ кафе ДООЕЛ“, фирма на која е издадена лиценцата за клубот „Пулс“ во Кочани е со блокирана сметка.
Овие информации се од „Бизнис мрежа“, софтвер кој црпи информации од Централниот регистар.
Од тука се отвора прашањето, како оваа компанија продавала карти, но и пијачки на присутните во клубот, каде се случи големата трагедија.
Фирмата е основана во 2020 година.
Како што претходно објави ТВ21, оваа дискотека не поседувала лиценца за работа, односно последната била издадена на 13 март 2023 година и истата имала важност една година.
Но, во јавноста се појави и нова лиценца, за која извори на ТВ21 од Министерството за внатрешни работи тврдат дека е фалсификат.
Истото го потврди и министерот Панче Тошковски, кој денеска на прес конференција истакна дека важечка лиценца за работа овој клуб немал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Вината за Кочани е во врвот на…
„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…
Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…
Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…
(Видео) Снимен земјотресот во Охрид утринава
Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35…
„Кој е следен“ за изјавата на Мицкоски:…
Од граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ испратија…
Андонов за Мицкоски: Можеби и затоа не…
Што мислите го познава ли Мицкоски поранешниот…