За четири дена уапсени 11 лица за безобѕирно возење
Во периодот од 10.11 до 13.11. годинава како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1.518 издадени платни налози, 498 прекршоци се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.
Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 11 лица, од кои осум за возење под дејство на алкохол, тројца за возење со брзина поголема од дозволената во населено место.
Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на изминатиот викенд евидентирани се 942 прекршоци за неправилно паркирање, 290 мерки се изречени за возачи што управувале возило без возачка дозвола, како и 48 санкции за возење под дејство на алкохол.
Од друга страна пак, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 161 учесник во сообраќајот коишто не користеле сигурносен појас.
Согласно Законот за возила, 64 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а пет заради техничка неисправност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За четири дена уапсени 11 лица за…
Во периодот од 10.11 до 13.11. годинава…
Скандалот со ИПАРД води до врвот на…
Скандалот со ИПАРД води до врвот на…
Алиу: Од анализирани 19 случаи, кај 10…
Од пристигнатите 25 случаи, Интерната комисија за…
Кривично ќе се гони жена од Свети…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе…
Вучиќ по средбата со Макрон: Белград конечно…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека…