За четири пати зголемен бројот на војници на КФОР во Косово
Командантот на КФОР, Озкан Улуташ изјави денеска дека бројот на војници на северот на Косово и Метохија е четирикратен, а бројот на патроли е тројно зголемен, по зголемувањето на тензиите во последните месеци.
„Генерално, ситуацијата на теренот е мирна, но кревка. Ние внимателно ги следиме сите значајни безбедносни промени. По зголемените тензии во последните месеци, НАТО распореди 1.000 дополнителни војници и опрема. Четирикратно го зголемивме присуството на КФОР на северот на Косово и тројно го зголемивме бројот на патроли, вклучително и долж административната гранична линија“, рече Улуташ во интервју за „Косова прес“, пренесува Танјуг.
Според неговите зборови, Кфор има способност да одговори на секое сценарио низ Косово и Метохија, целосно почитувајќи го мандатот на ОН.
„Кфор е фокусиран на спроведувањето на својот мандат на ОН, врз основа на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН од 1999 година, за да обезбеди мирна и безбедна средина за сите луѓе кои живеат на Косово и слобода на движење, во секое време и непристрасно“, рече Улуташ.
Тој додаде дека Кфор редовно и транспарентно комуницира со сите меѓународни и локални актери и постојано ја оценува безбедносната состојба во Косово.
„Ние сме во близок контакт со институциите во Косово и со безбедносните организации на Косово, како и со шефот на српската одбрана. Ова е важно за да се избегнат недоразбирања, особено во време на криза и кога тензиите се високи“, додаде турскиот генерал.
За нападот бил информиран рускиот претседател Владимир Путин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Маќедонци: Со ракетите „Џавелин“ го штитиме секој…
Само ден откако косовскиот премиер Албин Курти…
Уапсен е 28-годишник од Косово, се обидел…
МВР информира дека синоќа во 21.10 часот…
По 100 евра за косовските пензионери и…
Косовската влада додели по 100 евра како…
ФБИ ќе го истражува терористичкиот напад на…
Американскиот амбасадор во Косово Џефри Ховениер изјави…
Турска компанија ќе гради фабрика за дронови…
Властите во Приштина веќе избрале кој ќе…