За што бил телефонскиот разговор помеѓу Пендаровски и Радев?

t

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари телефонски разговор со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев.

Претседателот Пендаровски му честиташе на претседателот Радев за стапувањето на должноста и му посака успешен мандат.

Двајцата претседатели разговараа за најновиот развој на билатералните односи меѓу двете соседни држави во светло на неодамнешната посета на претседателот на владата на Бугарија на Скопје, како и претстојните активности во Софија.

Во тој контекст, претседателот Пендаровски го поздрави воспоставениот дијалог меѓу двете влади и ја истакна подготвеноста на Република Македонија за негово интензивирање во наредниот период.

Во насока на зајакнување на дијалогот меѓу двете земји, двајцата претседатели разговараа и за можноста за скорешна официјална посета на претседателот Пендаровски на Софија, како и за интензивирање на комуникацијата на највисоко ниво во претстојниот период.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Драма на небото над Бугарија: Авион на…

Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…

Во Бугарија паралелно се одржува и „Софија…

Овогодинешниот „Софија Прајд“, организиран во поддршка на…

УЖАС во Бугарија: 773 возрасни лица починале…

Општина Маглиж, Бугарија, откри застрашувачки податоци за…

Македонските и бугарските историчари повторно не се…

Предлог-препораки за македонските учебници за седмо одделение,…

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…