За 6 месеци 662 случаи на семејно насилство во Македонија: 83 жртви се деца

t

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска го посети специјализираното советувалиште за жени и девојки жртви на родово засновано и семејно насилство и нивните деца, ЕХО – Штип.

На настанот беа присутни и претставници на меѓународната организација УН ВОМЕН и Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА, со чија поддршка се воспостави ова специјализирано советувалиште.

Министерката Тренчевска вели дека од отворањето на советувалиштето за нецела година, за бесплатна правна помош и психо-социјална поддршка се обратиле 176 жртви на насилство.

-Борбата против насилството мора да биде постојана и преку разни форми на помош и поддршка на жртвите на насилство, заеднички да се спротивставиме со цел негово целосно сузбивање, рече министерката Тренчевска.

Таа посочи дека од голема важност е воспостaвувањето на вакви советувалишта во што поголем број и опфат на сите плански региони затоа што, како што рече, на тој начин се овозможува тие да бидат блиски и достапни до граѓаните односно жртвите на насилство.

Заложбата на Владата и Министерството за труд и социјална политика, и по ратификацијата на Истанбулската конвенција и донесувањето на Законот за спречување и заштита врз жените и семејното насилство е проширување на сервисите за жртвите на насилство, но исто така од големо значење е и воспоставување на сервиси кои ќе работат и со сторителите на семејно насилство, затоа што семејното насилство е комплексен проблем, посочи Тренчевска.Најновите податоци со кои располага Министерството за труд и социјална политика на државно ниво во периодот од јануари до јуни 2022 година, говорат дека официјално се евидентирани 662 случаи на семејно насилство.-Според нашите податоци собрани од 30-те меѓуопштински центри за социјална работа во овој период се евидентирани 662 нови жртви на семејно насилство, од коишто 463 се жени, 116 мажи жртви, деца имаме 83. Најбројна форма на насилство во овој период е психичкото насилство кај 469 жртви, физичко насилство имаат пријавено 350 жртви, економско насилство од 12 жртви и сексуално насилство од две жртви. Бројот и услугите обезбедени за жртвите имаме психосоцијална поддршка обезбедено за 662 жртви, правна помош 457 жртви, сместување во засолниште за 28 жртви, а бројот на жртви на семејно насилство коишто оствариле парично право од социјална заштита согласно Законот за социјална заштита е обезбедена за 31 жртва, вели Тренчевска.Таа посочи дека и во делот на предложените привремени мерки за заштита од семејно насилство до судовите од страна на Центрите за социјална работа имаат 907 предложени привремени мерки за заштита, а изречени привремени мерки за заштита од страна на судовите се 769. Во однос на бројот на сторители од 603 сторители 543 се мажи сторители на насилство, а, како што вели Тренчевска, во 50 случаи имаме жени сторители на насилство. Во изминатите 10 месеци ЕХО обезбедила над 200 специјализирани советувалишни услуги со техничка и менторска поддршка на ХЕРА и со финансиска поддршка од Европската Комисија, обезбедена преку македонската канцеларија на UN Women.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Притвор за тројца мажи кои претепале две…

Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против…

Двајца насилници влегле во домот на 47-годишна…

Денеска (20.10.2023) во 02:05 часот во СВР…

Кривична пријава за насилник од Битола, одреден…

Криминалистичката полиција при СВР Битола до Основното…

Националната мрежа против насилство до JO: Најстрога…

Националната мрежа против насилство врз жени и…

Каде живееме?! Тројца насилници нападнале маж и…

36-годишна жителка на Тетово вчера пријавила дека…