Звукот од петарди предизвикува трауми кај децата со аутизам и потешкотии во развојот

t

Звукот од петарди и пиротехника предизвикуваат разни трауми кај децата со аутизам и потешкотии во развојот, предупредуваат стручните лица и родителите на овие деца. Поради силниот звук, децата се вознемируваат и плашат и се јавуваат разни видови последици како страв, вознемиреност, агресија, напади, испади, автоагресивни испади и друго.

– Лицата со аутизам и лицата со потешкотии во развојот имаат потешкотии при процесуирање на јаки сензорни дразби, како што се аудитивни (изненадна бука) или визуелни (силна светлина). Заради тоа, многу често и најмала таква стресна состојба може да предизвика бурна реакција. Најчести реакции на вакви дразби се претерана нервоза, вознемиреност, страв. Силните сензорни дразби, доколку лицето има сензорни проблеми, ги доживуваат болно. Силните дразби многу често го менуваат нивното однесување, објаснува дефектологот Милица Серафимовска.

Таа посочува дека некои лица реагираат со панични стравови, општа вознемиреност, плачење, агресивни и автоагресивни испади.

– Лицата ги затвораат ушите, се јавуваат и стереотипни движења, повторувачки фрази, нарушен сон, нарушена дневна рутина, која е многу значајна за функционирање на лицата со аутизам и сензорни пореметувања. Новогодишните празници за многу семејства се „ноќна мора“ и наместо празниците да носат радост во сечиј дом, во овие семејства носат солзи, повреди и користење на многу лекови за смирување, потенцира Серафимовска.

За време на празниците, најчесто лицата со аутизам се затворени дома, за да се заштитат од овие силни и непредвидливи дразби.

И полицијата упатува чести апели до граѓаните да не се користат пиротехнички материјали поради прекршување на законските одредби, но и поради опасност од повреди.

Продавањето, односно купувањето и активирањето на петарди и пиротехнички средства на јавни места (улица, дворови, влезови на станбени згради и слично) претставува законски прекршок, за кој е предвидена глоба од 100 до 250 евра во денарска противвредност. Дистрибуцијата на пазарот во поголеми количини е спротивно на Кривичниот законик и за ова дело, казниво по член 396, е предвидена казна затвор од 3 до 10 години.

(МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дали ќе имаме мир овие празници? Огромни…

Од таму апелираат, пред се до учениците…

Ковачевски со порака по повод Светскиот ден…

Премиерот Димитар Ковачевски денеска, преку својот фејсбук…

Владата вечерва е обоена во сино по…

Вечерва зградата на Владата свети во сино,…

Звукот од петарди предизвикува трауми кај децата…

Звукот од петарди и пиротехника предизвикуваат разни…

(Видео) СКАНДАЛ: Роналдо удри момче со аутизам…

Најголемата ѕвезда на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо…