Зголемено ниво на реките, утре локален дожд
Зголемено ниво на реките во однос на просекот за декември се бележи денеска на Пчиња кај Катлановска бања, на Вардар кај Јегуновце, Скопје, Велес и Демир Капија, на Треска кај Македонски Брод, на Црна Река кај Новаци, на Црн Дрим кај Ложани, како и на Сатеска кај Ботун, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Водостоите на Охридското и Препанското и на Дојранското Езеро според денешните мерења се во рамки на просекот.
Според прогнозата на УХМР, утре ќе има локани врнежи од дожд кои ќе се намалуваат во попладневните часови. До крајот на неделата следува период на претежно стабилно време со пораст на дневната температура, освен во котлините каде ќе има појава на магла.
Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Еве какво време не очекува денес
Променливо облачно и нестабилно со локален пороен…
Метео: Пороен дожд и грмежи
Времето денеска ќе биде променливо облачно и…
Водостојот на повеќето реките се зголемува, нивото…
Водостојот на повеќето реки низ државата е…
Времето денес променливо облачно со услови за…
Променливо облачно, претпладне со услови за локален…
Времето денес променливо облачно, попладне со дожд
Променливо облачно, попладне во западните делови, а…