Зголемен бројот на жртви во пожарите во Лос Анџелес: совети до жителите
Во пожарите во Лос Анџелес досега загинале најмалку 25 лица, а според последните информации девет од нив загинале во пожарот во Палисадес, додека 16 од нив загинале во пожарот во Итон.
Националната метеоролошка служба во Лос Анџелес ги повика жителите да останат на готовност бидејќи се очекува ветровите повторно да зајакнат.
Пожарите се уште се активни во повеќе делови од овој град, а се повикуваат сите да останат будни.
Според заменик директорот на Одделот за јавно здравје на округот Лос Анџелес, Аниш Махаџан, луѓето се предупредуваат да носат соодветни маски за дишење за да се заштитат од потенцијални здравствени проблеми.
Кога зборуваме за маски, мислиме на респираторни маски, како маски N95 или P100.
„Овие маски се специјално дизајнирани да ја намалат изложеноста на штетните честички кои се наоѓаат во пепелта и чадот, кои можат да навлезат длабоко во вашите бели дробови и да предизвикаат сериозни здравствени проблеми“, рече тој на конференцијата.
Други маски за лице, како што се платнени маски, медицински маски или бандани, нема да обезбедат соодветна заштита од пепел и други честички.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зголемен бројот на жртви во пожарите во…
Во пожарите во Лос Анџелес досега загинале…
Минчев: Почнуваме со квалитетни реформи за професионална…
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во…
Радев денеска ќе го предаде мандатот за…
Бугарскиот претседател Румен Радев денеска ќе го…
Доаѓа голем празник: Ноќта пред Водици е…
На деветнаесеттиот ден од јануари, православните верници…
Зеленски денеска во посета на Полска, откако…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ќе ја…