Објавено на:

Зголемен бројот на нуклеарни боеви глави подготвени за лансирање

t

Бројот на нуклеарни боеви глави подготвени за лансирање се зголеми минатата година, пренесе АФП, повикувајќи се на извештај објавен денеска од невладина организација.

Од почетокот на оваа година, државите кои официјално објавија дека поседуваат нуклеарно оружје и оние за кои постои сомневање дека го поседуваат имаа 9.576 нуклеарни боеви глави подготвени за лансирање – што е еднакво на „повеќе од 135.000 бомби како онаа фрлена на Хирошима“. се вели во извештајот на норвешката невладина организација Norsk Folkeshjelp.

Норвешката организација ги објави овие податоци во време кога Москва постојано изразуваше загриженост за можна употреба на нуклеарно оружје во контекст на војната во Украина.

Во саботата рускиот претседател Владимир Путин објави дека постигнал договор со Минск за распоредување на тактичко нуклеарно оружје на територијата на Белорусија.

Минатата година вкупниот број на нуклеарни боеви глави подготвени за лансирање се зголеми за 136 поради зголемувањето во Русија, Кина, Индија, Северна Кореја и Пакистан, се наведува во извештајот на норвешката организација.

Овој пораст е алармантен и е продолжување на трендот кој започна во 2017 година, посочува претставник на Норск Фолкешјелп.

Осумте земји кои официјално објавија дека поседуваат нуклеарно оружје се САД, Русија, Велика Британија, Франција, Кина, Индија и Пакистан, а за тоа се сомничи Израел, информира БТА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ