Зголемувањето на пензиите ќе биде на рати

t

Пензиите ќе се покачуваат на рати. Наместо 5,000 денари,во септември пензионери ќе добијат по 2,5, а во март останатите 2,500 денари. Причината, според премиерот Мицкоски е празната каса во пензискиот Фонд. Недостасуваат пари за исплата на тековните пензии, не пак за ветеното зголемување. Но со Ребалансот на буџетот очекува да се обезбедат.

Најпрво треба да обезбедиме со ребалансот уште 2,5 милијарди денари. Тоа е околу 40 милиони евра за тековните пензии. Во овој буџет тие пари недостасуваат. Се трошеле за работи за кои што мислам дека многу ќе се занимаваат истражните органи за периодот то кој што следи. Ќе се обезбедат и дополнителни 2,5 милијарди денари во наредните денови за линераното зголемување, рече Мицкоски.

Во земјава живеат нешто над 337 илјади пензионери. Над половината од нив месецот го поминуваат со 13 до 22 и пол илјади денари. Согласно законот, усогласувањето на пензиите се прави 2 пати годишно- еднаш во март и еднаш во септември. Последното зголемување од 5,3 осто беше во март годинава, кога најнсиките се покачија за 10, а највисоките за 65 евра. Но новата власт ветуваше дека ќе го врати старото законско решение – линеарното зголемување и на сите пензионери им вети по 5,000 денари плус на септемвриските сметки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Метео: Сончево и топло со температури до…

Од УХМР јавуваат дека времето денес ќе…

Герасимов: Запрено е напредувањето на украинските сили…

Напредувањето на вооружените сили на Украина длабоко…

Рускиот опозициски активист: Украина е жртва на…

Рускиот опозициски активист Илја Јашин вели дека…

Во Брисел е нападнат амбасадорот на Азербејџан…

Амбасадорот на Азербејџан во НАТО и неговата…

Немаме сознанија, ќе го контактираме Киев –…

Соединетите Американски Држави планираат да ја контактираат…