Објавено на:

Здравко Чолиќ според познатиот американски сајт „Celebritynetworth“ е еден од најбогатите пејачи на Балканот

t

Најголемата балканска ѕвезда Здравко Чолиќ според познатиот американски сајт „Celebritynetworth“ е еден од најбогатите пејачи на Балканот.

Имено, Чола важи за најголемата ѕвезда на Балканот, а според податоците од 2021 година неговото богатство се проценувало на 25 милиони евра.

„Чола е Србинот Том Џонс. Објавил 15 албуми и важи за еден од најскапите пејачи на Балканот. Го наполни стадионот „Маракана“, па „Ушче“, а во 2019 година постави апсолутен рекорд со 6 концерти по ред во белградска Арена, каде го слушаа 110.000 луѓе“, беше напишано тогаш на оваа веб-страница пренесува „Курир“.

Здравко Чолиќ секогаш нагласувал дека финансиите отсекогаш му биле слаба страна, иако по професија е економист. Популарниот пејач секогаш ја чуваше приватноста за себе, а никогаш не ја истакнуваше заработката што му ја донесе успешната кариера, па затоа важи за една од најскромните јавни личности.

Така, пејачот на раката носи часовник вреден „само“ 2.000 евра. Како што стои на Инстаграм профилот „Sat na ruci“, се работи за часовник од брендот „TAG Heuer Carrera“ со челично куќиште и функција хронограф.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Советот на Европа ја повикува Бугарија да…

Комесарот за човекови права на Советот на…

Украинските војници заробија нов руски тенк во…

Украинските војници успешно заробија најсовремен руски тенк…

Жена нападната од својот сопруг во скопски…

Пријавен е нов случај на семејуно насилство,…

ЕУ на помош во Грција – пожарите…

Европската унија денеска соопшти дека четири земји-членки…

Германија останува најголемиот финансиер на Европската унија

Како најголем нето финансиер на Европската унија,…